Приведен 34-годишен крадец од Куманово

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригодишен кумановец е приведен под сомнение дека украл повеќе предмети од паркирано возило во Куманово.

Loading...

– На 19.11.2022 година  во 23.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.Л.(34) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој се сомничи дека на 18.11.2022 година одзел повеќе предмети од паркирано патничко моторно возило „фолксваген амарок“ на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово.

Ј.Л. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски