Дваесет и шестгодишник од Куманово осомничен за дека украл пари од тезга на пазар, бил приведен вчера попладне.
Loading...
– На 11.03.2025 во 16.10 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Л.Ш.(26) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека на 10.03.2025 од тезга на пазар на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово одзел пари.
– Л.Ш. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението на МВР.
Никола Ивановски