Приведен 19-годишник во Куманово, полицијата пронашла дрога и вага

Сподели со своите пријатели

Деветнаесетгодишник од Куманово вчеравечер бил приведен окако полицијата му пронашла марихуана и дигитална вага.

Loading...

– На 02.03.2023 во 20.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.М.(19) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението на МВР.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец измамен за 800 евра, му дале лажен дијамант