Приведен 18-годишник во Куманово, возел мотор без дозвола

Сподели со своите пријатели

Осумнаесетгодишник од Куманово вчеравечер бил приведен откако полицијата утврдила дека возел мотор без да поседува дозвола.

– На 12.05.2026 во 20:40 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.А.(18) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по извршени проверки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола.

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „ЉУБОВ ЗА СИТЕ“ вечерва во Куманово во чест на уметницата Андријана Мациев

Никола Ивановски