Притвор за кумановецот кој се обиде да прегази тричлено семејство

Сподели со своите пријатели

Триесетдневен притвор ќе добие кумановецот кој се обвиде да прегази брачен пар и четиргодишно дете е мерката која ја одреди судија на претходна постапка од основниот суд во Куманово и тој ќе одговара за убиство во обид.

На обидот за убиство следувала расправија поради непочитување на ред за прием во амбуланта додека кумановецот со својата девојка чекал ред во Здравствениот дом – Куманово.

Во текот на расправијата оштетениот му се заканил на осомничениот. При излезот од  Здравствениот дом осомничениот бил нападнат од три други лица кои започнале да удираат по ветробранското стакло на неговиот автомобил. Избегнувајќи го нападот, осомничениот се упатил кон центарот на градот, при што со своето возило марка „Мерцедес“ се обидел да го прегази оштетеното лице, неговата сопруга и малолетното дете. Сите тројца биле повредени, а со најтешки телесни повреди се здобило детето.

По извршениот увид на лице место со оглед на околностите под кои се случил настанот, Јавниот обвинител даде наредба до СВР Куманово постапката да се води како итна, а лицето учесник – возач да биде задржано заради натамошно постапување.

Јавниот обвинител изврши испитување на осомничениот, а ќе бидат испитани и другите инволвирани во случајот. Истовремено, се наредени вештачења за карактерот и тежината на здобиените повреди на сите оштетени, како и невропсихијатриско вештачење за пресметливоста на осомничениот во критичниот момент.