Притвор за дилер од Куманово

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишен дилер од Куманово кај кого бил пронајден кокаин, заработи мерка притвор.

Loading...

– На 22.10.2020 во 20,30 часот во Куманово од полициски службеници од СВР Куманово при извршен преглед кај Д.Д.(28) од Куманово бил пронајден кокаин, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето било приведено во полициска станица, извршен бил разговор по што била поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор.

Никола Ивановски

Leave a Reply