Притисокот сѐ поголем, кумановската болница има потреба од дополнителен персонал

Сподели со своите пријатели

Кумановската болница се соочува со зголемен прием на пациенти заболени од ковид-19, исполнети се скоро сите капацитети, а повеќе пациенти се примаат од што се отпуштат од инфективните одделенија.

Loading...

Како што вели директорката на Општа болница Куманово Снежана Захариева, не е проблем да се сместат, бидејќи има уште неколку слободни кревети, туку се јавува недостаток на персонал кој може да ги опслужи.

Најголемиот притисок е врз дневната амбуланта.

– Она што е најстршано е притисокот во амбулантата. Сите оние случаи што сме прочитале дека имаме по 90 позитивни на дневна основа речиси сите доаѓаат овде, многу е мала бројката на оние што не се упатени овде во кумановската болница и тоа се некои асимптоматски случаи кои заради контакт се откриени и немаат потреба од лекување, меѓутоа поголемиот дел доаѓаат овде, вели директорката.

 

 

Само вчера до 13 часот биле прегледани 110 пациенти на Инфективниот оддел. Слободни има уште осум легла за хоспитализација. Едни се отпуштаат други се примаат, вели Захариева, но поголем е бројто на новохоспитализирани пациенти.

Loading...

– Последните десетина дена имаме повеќе приеми од отпуштања на оздравени пациенти. Најверојатно е британскиот сој, затоа што многу брзо се шири, цели семејства доаѓаат, различни возрасни групи. Ако во претходните два брана воглавно имавме пациенти кои што беа постара возрасна група сега имаме и млади од 20 години нагоре со различна тежина на клиничка слика, имаме и во модуларната и во другите два оддела и доста тешки пациенти на кои пружаме максимум и воглавно овде се лекуваат затоа што скопските клиники се полни, голем проблем е оние што се со влошена клиничка слика да ги носиме на терциерно ниво, нема место, појаснува директорката.

Најголем проблем за болницата во овој момент е потреба од медицински персонал, а барање вчера било упатено до Министерството за здравство да им се стават на располагање специјализанти, општи лекари или специјалисти.

 

 

Проблем се јавува и со помошниот технички персонал кој не може да постигне со транспортот на боци со кислород.

– Болнциата нема централен довод на кислород, се уште сме на кислородни боци кои тежат по 40 – 50 литри, така да сите расположливи ресурси ги користиме за да можеме на секој пациент да му дадеме кислород. Дури и ако има волонтери би биле благодарни на секој кој ќе дојде да помогне бидејќи на дневна основа не можеме само еднократно да испорачаме кислород во трите ковид оддели, често пати се случува два до три пати дневно да мора тие боци да се утоврат и растоварат и да се донесат до секој пациент, а тоа болничарите и хигиеничарите не можат сами да го постигнат така да ангажираме се што ни е на рака, вели директорката Снежана Захариева.

Таа повика и доколку има заинтересирани волонтери слободно да се јават и да помогнат кај неа лично или кај главната медицинска сестра. Како што вели не мора да влегуваат во ковид центрите само да се пренесат боците кислород до објектот.

Loading...

Инаку според последните податоци, во дневната болница се лекуваат 77 пациенти, 31 лице се хоспитализирани во модуларната болница, 25 на Инфективно 2 и околу 20 пациенти на Инфективно 1.

Никола Ивановски

Leave a Reply