Притисок врз Германија да ја продолжи работата на нуклеарните централи

Сподели со своите пријатели

Расте притисокот врз германската влада, која доаѓа не само од опозицијата, туку и од европските партнери, да ја продолжи работата на преостанатите три нуклеарни централи поради недостигот на гас и да ги врати во функција дополнителните електрани кои неодамна беа прекинати, пренесува агенцијата Хина, повикувајќи се на германските медиуми.

Loading...

„Од германската влада се бара продолжување на работата на нуклеарните централи, а тоа го бараат не само опозициската Христијанско-демократска унија ЦДУ/ЦСУ, туку и неколку партнери од Европската унија“, пренесува агенцијата Дпа, повикувајќи се на до извори во Европската комисија.

Најпрво, источните членки на Европската унија, како Унгарија, Романија, Словачка, но и соседна Франција, бараат од германската влада да ја продолжи работата на нивните нуклеарни централи поради критичната состојба со природниот гас.

Во Германија 15 отсто од електричната енергија сѐ уште се добива од електрани кои користат гас.

Заштеда од 15 милијарди кубни метри гас

„Ако Германија сака да заштеди гас, треба да ја продолжи работата на преостанатите три нуклеарни централи, или уште подобро: нека ги рестартира трите електрани што ги затвори минатата година“, рече словачкиот министер за економија Ричард Сулик.

Според неговите информации, со работа на шест германски нуклеарни централи би биле заштедени 15 милијарди кубни метри гас, што е половина од количината што ЕУ сака да ја заштеди според новопостигнатиот договор.

Слична изјава даде и унгарскиот премиер Виктор Орбан, критикувајќи ја Европската комисија за одбивањето да ја принуди Германија да ги рестартира своите нуклеарни централи.

Во Германија сѐ уште работат три нуклеарни централи, кои според постоечкиот закон, донесен за време на владеењето на Ангела Меркел и по катастрофата со нуклеарната централа во Фукушима, треба да престанат со работа најдоцна до крајот на годинава.

Loading...

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.