Пристигнува првиот сериски модел на автомобилски гуми без воздух (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Следната генерација на електричниот модел на Шевролет Болт ќе биде опремен со гуми без воздух развиени од Генерал Моторс (General Motors) и Мишелин (Michelin).

Loading...

Како што е најавено, овој автомобил ќе се најде во продажба во следните три до пет години. Веста доаѓа директно од Алексис Гарцин, претседател на Мишелин Северна Америка, кој ја откри оваа информација во интервју за CNN Business.

„Планираме да ја испорачаме следната генерација на Болт со гуми без воздух, а тоа ќе се случи во следните три до пет години.

 

 

Мишелин (Michelin)дизајнира и развива пневматици без воздух од 2005 година, а во последните неколку години, овој производител на гуми ги тестираше своите гуми отпорни на дупчење на актуелната генерација на Шевтолет Болд (Chevrolet Bolt).

Гумите без воздух користат флексибилно ребро што го поддржува шарите наместо компримиран воздух, така што тие не можат да се дупнат.

Loading...

Се наведува дека воведувањето на овој тип гуми треба да придонесе за зголемување на безбедноста при возење, бидејќи само во САД 78.000 несреќи годишно се предизвикани од дупнати гуми.

Гумите без воздух ќе бидат поиздржливи од конвенционалните.