Пристигнува кинеска дигитална валута: Ќе има поддршка и од банките

Сподели со своите пријатели

Кинеската народна банка соопшти дека нивните виртуелни пари ќе може да се наречат завршени, што значи дека наскоро би можеле да се најдат во оптек.

Loading...

Кинеските дигитални пари „ChinaCoin“ нема да бидат класична криптовалута, затоа што го развива Кинеската народна банка со поддршка на комерцијалните кинески банки, па функционирањето нема да биде како на биткоин и сличните валути.

Иако Кинеската народна банка ја најави дигиталната валута како голема работа за паричните трансакции во Кина, тоа не значи дека ќе се создава со „рударење“ и да се осигура со алгоритми кои ќе ја гарантираат независноста, туку ќе станува збор за дигитални апри кои ќе ги емитуваат банките под контрола на државниот апарат, на целосно ист начин како што во оптекот е Јуан, само што нема да се печати.

Со оглед на прилично големата блокада на информации кои доаѓаат од Кина, деталите за таа дигитална валута се уште не се познати, додека причина Кинеската народна банка бара во незадоволството на дел од кинеската економија поради „пореметување на пазарот со пари кои го предизвикуваат криптовалутит“, односно спекулантите кои со нив тргуваат.

Leave a Reply