Кина е „сериозно загрижена“ поради уривањето на браната Нова Каховка во Украина, изјави денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи на земјата.
„Сериозно сме загрижени за уништувањето на браната Каховка. Длабоко сме загрижени за хуманитарните, економските и еколошките последици што ги предизвика“, рече Ванг Венбин на дневниот брифинг со новинарите.
Ванг додаде дека Пекинг се надева дека сите страни ќе се заложат за политичко решение на кризата во Украина и ќе работат заедно на деескалација на ситуацијата.
„Ги повикуваме сите страни во конфликтот да го почитуваат меѓународното хуманитарно право и да направат се што е во нивна моќ за да ја заштитат безбедноста на цивилите и цивилните објекти“, рече Ванг.
Во меѓувреме, Европската унија вчера го осуди инцидентот како „нова димензија на руските злосторства“.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.