Припадниците на грчката крајбрежна стража спасија 52 мигранти јужно од Крит

Сподели со своите пријатели

Припадниците на грчката крајбрежна стража спасија 52 мигранти јужно од Крит откако добиле итен повик за помош.

Loading...

Мигрантите, кои рекоа дека се државјани на Судан и Египет, биле на гумен чамец јужно од селото Калои Лименес во префектурата Ираклион, објави Катимерини.

Грција се наоѓа на една од најкористените патишта кон Европската унија за луѓето кои бегаат од војна и сиромаштија на Блискиот Исток, Африка и Азија.

Преоптоварените чамци често наидуваат на проблеми, а кога скршнуваат од курсот најчесто завршуваат во близина на брегот на јужна или западна Грција, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Повеќе земјотреси во близина на Крит