Принцот Хари откри ужасни детали: Трудната Меган испланирала самоубиство (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Се подготвувавме за концерт во Ројал Алберт Хол. Таа беше во напредна фаза на бременост. Дојде кај мене и ми рече: Јас сум депресивна, длабоко депресивна. Планирам да си го одземам животот, еве како”, Изјави принцот Хари во едно интервју кај Опра Винфри, изјавувајќи дека неговата сопруга Меган Маркл сакала да се самоубие.

Loading...

Двојката, која се „отцепи“ од кралското семејство, претходно зборуваше за тоа како Меган Маркл имала самоубиствени мисли поради малтретирање во кралското семејство, кое инаку го негира сето тоа.

 

„Многу луѓе во нејзината ситуација пијат лекови, Меган беше потполно трезна. Она што најмногу ме плашеше беше јасноста на нејзиниот ум, нејзините мисли. Планираше точно и како ќе го стори тоа, во нејзината напредна бременост”, – рече Хари.

„Веќе изгубив една жена која беше целиот мој свет“, рече Хари во емотивна исповед, осврнувајќи се на принцезата Дајана.

„И сега друга жена, која го носи нашето дете, ми рече дека планира да умре. Најстрашно за мене беше што сè уште бевме дел од тоа семејство, од таа приказна. По нејзиното признание, моравме да седиме во конвој од автомобили и заминеме од тој концерт, бидејќи тоа беше официјална пригода. Како што се гасеа светлата во салата, таа почна да плаче неконтролирано “, рече Хари.

Принцот и неговата сопруга дури неодамна ја отворија душата откако го напуштија кралското семејство. Тие исто така објавија дека очекуваат уште едно дете, а по смртта на принцот Филип, принцот Хари за прв пат дојде во Велика Британија по тој инцидент.

Loading...

 

Leave a Reply