Прилепчанец баран за издржување затворска казна приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден околу 17.00 часот на граничниот премин „Табановце“, при пасошка контрола било констатирано дека Ф. И. (24) од Прилеп, евидира на СТОП-Листа и се бара за издржување казна затвор во траење од три месеци и пет дена за сторено кривично дело „измама“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Во 18.15 часот со Потврда за предавање на лице, истиот е предаден на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Куманово за понатамошна постапка.