Прикачила фотографија од машина за перење на онлајн сајт, а по грешка ја ставила и нејзината гола слика

Сподели со своите пријатели

Дури и кога најдобронамерно објавувате рецензии за производи или коментари на Интернет, внимавајте на фотографиите што ги објавувате.

Loading...

Неверојатен срам доживеа извесна Луиз од градот Стивенејџ во Англија, која крајно задоволна од својот нов начин на перење алишта решила јавно да го сподели.

Во намерата да биде веродостојна, таа не го објави коментарот на социјалните мрежи, туку како рецензија на страниците на дистрибутерите преку кои го купила производот.

Таа напиша „Ја сакам мојата нова машина. Изгледа убаво, има одлична голема врата и дава убави звуци кога е завршено  перење. Навистина ми се допаѓа“.

И тоа немаше да биде спорно да не ја бојадисаше машината, но нејзиното тело се отсликуваше во стаклото на таа голема, убава врата, а Луис беше гола – ја фотографираше машината само во гаќички, поради што нејзината рецензија се шири на социјалните мрежи.

Во меѓувреме, фотографијата беше отстранета од страницата, но остана снимена на Интернет.

 

Loading...