Пријави за бомби во седум скопски училишта

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска пријави за бомби биле испратени до седум скопски училишта.

Loading...

– Денеска во СВР Скопје околу 9.30 часот е пријавено дека на електронска адреса  на седум училиштe во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа, информираат од МВР.

Како што додаваат од полицијата, веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Нема менување историја, виткање кичма и обезличување на македонскиот народ