Пријавено купување гласови во кумановски села, ОЈО не нашло потврда на информациите

Сподели со своите пријатели

Основното јавно обвинителство Куманово денеска оформило предмет откако добило пријава за наводно купување гласови во неколку кумановски села.

Loading...

Како што се наведува од ОЈО, сепак не биле откриени информации кои би ги потврдиле наводите од пријавата.

– По насока на Основното јавно обвинителство Куманово, во врска со пријава за наводно купување гласови во кумановските села Черкезе, Романовце и Војнивиќ, за кој настан обвинителството оформи предмет,  извршен е разговор со повеќе лица и нема информации со кои би се потврдиле наводите од пријавата, стои во соопштението.

Се продолжува со превземање на дејствија по насоки на јавен обвинител.

Никола Ивановски