Пријава за бомба и во училиште во Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

На електронска адреса на основно училиште во Крива Паланка денеска стигнала пријава за поставена експлозивна направа.

Loading...

– Денеска (02.12.2022) околу 11.00 часот во  Полициска станица Крива Паланка било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште во Крива Паланка е упатена закана за поставена експлозивна нaправа, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Оттаму додаваат дека веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за раасчистување на случајот.

Рано утринава околу 07:30 часот, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, пријави за бомби стигнале на мејл адреси на три основи училишта во Скопје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановските кик-боксери одат на Светскиот кик-бокс куп

Никола Ивановски