Пригожин: Заробивме клучни објекти во Ростов. Аеродромот е наш (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Шефот на платеничките сили на Вагнер, Евгениј Пригожин, изјави дека неговите војници зазеле клучни воени објекти во јужниот руски град Ростов-на-Дон.

Loading...

„Воените објекти на Ростов, вклучително и аеродромот, се под наша контрола“, рече Пригожин во видеото објавено утрово.

Тој рече дека неговите сили го зазеле штабот на руската армија на југот на земјата во град со над милион луѓе во пограничната област со Украина.

Ова не можеше веднаш да се потврди независно.

Министерството за одбрана во Москва се уште не ги коментираше тврдењата на Пригожин.

Пригожин во видеото рече и дека борбените авиони за војната против Украина продолжиле да полетуваат од аеродромот во Ростов според планираното: „Авионите… ќе полетаат според планираното“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп најверојатно ќе се сретне со Зеленски следната недела

Пригожин претходно тврдеше дека неговите војници собориле воен хеликоптер кој пукал во цивилен конвој.

Тој не обезбеди докази за своите тврдења и тие не можеа да бидат независно проверени.

Loading...

Гувернерот: Останете дома

Гувернерот на Ростовската област, Василиј Голубев, им порача на жителите да останат мирни и дома.

Сегашната ситуација бара максимална концентрација на сите сили за одржување на редот, напиша тој на Телеграм.

„Агенциите за спроведување на законот ги преземаат сите неопходни чекори за да се осигура безбедноста на жителите во областа.

Властите на руската престолнина Москва и неговата околина прогласија вонредна антитерористичка состојба поради вооружениот бунт на водачот на руските платеници Пригожин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руските сили напредуваат во областа Курск

„Со цел да се спречат можни терористички напади во градот и во московската област, воспоставен е режим на антитерористички операции“, соопшти утринава Рускиот национален антитерористички комитет.

Во Москва се засилени безбедносните мерки. Областа Воронеж во југозападна Русија, која граничи со Украина, исто така прогласи ист тип на вонредна состојба.

Антитерористичката вонредна состојба им овозможува на руските власти да ги зголемат контролите и да го олеснат апсењето на граѓаните.

Телефонските повици може да се прислушуваат почесто. Сепак, се уште не е јасно какви конкретни мерки ќе бидат преземени во Москва и Воронеж.

Loading...

Во петокот, руската тајна служба ФСБ објави дека го истражува Пригожин за обид за воен удар.

Шефот на приватната армија повика на борба против военото раководство на Москва во петокот вечерта, јавува агенцијата Интерфакс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индиската муниција заврши кај Украинците. Русите се бесни

Пригожин го обвини военото раководство на Москва дека ги напаѓа неговите платенички единици и се закани со контрамерки.

ФСБ и Министерството за одбрана на Русија ги отфрлија обвинувањата на Пригожин.

Сите обвинувања се лажни и „провокација“, се вели во соопштението на Министерството.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...