Пригожин: „Кремљ не е способен да ја брани Русија!

Сподели со своите пријатели

Евгениј Пригожин, шеф на руската платеничка група „Вагнер“, во вторникот ја доведе во прашање способноста на Кремљ да ја брани земјата додека Украина се подготвува за пролетна офанзива.

Loading...

Водачот на про-Кремљ паравоена единица, Евгениј Пригожин, во вторникот обвини руска воена единица дека бегала од нејзините позиции во близина на Бахмут во источна Украина, град кој со месеци е епицентар на најжестоките борби.

– Денеска една од единиците на Министерството за одбрана побегна од едно од нашите крила… разоткривајќи го фронтот – рече Пригожин, повторувајќи го својот завет дека неговата група Вагнер ќе го напушти Бахмут доколку руската армија не достави повеќе муниција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОН тврдат: Руските напади врз украинската енергетска мрежа го прекршуваат хуманитарното право

Шефот на Вагнер вели дека лидерите на руската армија се обидуваат да го „измамат“ претседателот Владимир Путин, пренесува Франс прес.

Односот меѓу Пригожин, познат и како готвачка на Путин, и рускиот претседател неодамна стана ладен.

Тој тврдеше дека неговата паравоена армија претрпе големи загуби при обидот да го заземе источниот град Бахмут (Артјомовск на руски) во Украина. Тој рече и дека бил спречен да стапи во контакт со Путин.

– За да престанам да барам муниција, ми беа прекинати сите телефонски линии за канцелариите, одделенијата и сл. Но, вистинскиот проблем е што ги блокираа и агенциите да донесуваат одлуки (во врска со Вагнер) – рече Пригожин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин најави сериско производство на модерно оружје за руската армија

Забележително е дека изјавата на Пригожин дојде на истиот ден кога земјата го слави Денот на победата – празник кој ја одбележува победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во 1945 година.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.