Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, ја обвини Москва дека ги лажела Русите за текот на украинската офанзива и укажа на напредокот на Украина на линијата на фронтот, пренесува АФП.
Loading...
„Тие го лажат рускиот народ“, рече тој во аудио пораката што ја објавија неговите портпароли.
Многу села се изгубени, вклучително и Пјатихатки, рече Пригожин, додавајќи дека огромни делови од територијата му биле предадени на непријателот.
Тој рече дека на бојното поле недостига оружје и муниција и дека Москва сето тоа го крие од Русите.
„Еден ден Русија ќе се разбуди и ќе открие дека Крим и е предаден на Украина“, рече Пригожин.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.