Приговорот е одбиен: Заев ќе одговара за примање поткуп

Сподели со своите пријатели

Основен Суд Скопје 1 на официјалната веб страна денес го објави решението во кое инфомира дека бвинителниот акт на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција е потврден од страна на Советот за оценка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје  кој постапуваше во постапка за оценка на обвинителниот акт КО.бр.66/15 против осомниченото лице Зоран Заев од Струмица за кривичното дело „Примање поткуп“.

Loading...

По одржано јавно рочиште за оценка на обвинителниот акт на 01.07.2015 година, како и по детална анализа на сите приговори поднесени од страна на одбраната, по ценење на фактите и доказите приложени во обвинителниот акт, Советот го одобри во целост, додека приговорите на одбраната ги одби како неосновани, се наведува во соопштението на Судот.

Предметот ќе биде распределен кај судечки судија од Одделението за организаран криминал и корупција, кој треба да го насрочи предметот за што јавноста ќе биде дополнително информирана.

Заев се товари дека во 2013 година како градоначалник на Струмица на бизнисмен од овој град му побарал мито од 200 илјади евра за да се заврши легализација на земјиште.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.