Прифатена оставката на Никола Груевски

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски попладнево во рамки на 87. седница го констатира временото повлекување на Никола Груевски од функцијата претседател на Владата.

Како што рече Вељаноски, повикувајќи се на член 220 од Деловникот на Собранието, со повлекувањето на премиерот, престанува и мандатот на членовите на Владата.

Врз основа на член 93 став 5 од Уставот, Владата останува на должност до изборот на нова Влада.

Вечерва во 19 и 30 часот претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе го врачи мандатот за состав на Влада на Република Македонија на Емил Димитриев.

Ова следува откако владејачката коалиција одлучи на избори да одат на 24 април 2016-та година.

Претходно, премерот Груевски јавно објави дека ќе ја депонира својата оставка која ќе биде ефективна 100 дена од одржувањето на изборите, а на 15 јануари претседателот на Собранието на Р. Македонија, Трајко Вељановски потврди дека ја добил оставката.

извор: 24вести

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.