Придружбата на Путин снимена со нуклеарна актовка?

Сподели со своите пријатели

За време на вчерашната посета на рускиот претседател Владимир Путин на полигонот на руските сили, снимен е маж кој го придружува Путин и носи актовка.

Како што пренесува Sky News, човекот во позадина држел нешто за кое постои сомневање дека е т.н Чегет, еден од руските нуклеарни ковчези, познат и како нуклеарна фудбалска топка.

Фотографиите се проширија и на социјалните мрежи.

Чегет е составен дел од системот за автоматска команда и контрола на руските стратешки нуклеарни сили.

Се верува дека се вкупно три, а претседателот секогаш има еден при рака.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Харемот на Путин: Од чистачка до олимпијка, ова се жените за кои не смее да се зборува во Русија

Не е можно да се потврди за каква актовка се работи на фотографиите, додава Скај њуз, но некои коментатори сметаат дека тоа е нов обид на Путин да го заплаши Западот.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.