Придобивките од утринската прошетка: Еве зошто денот треба да започне со движење

Сподели со своите пријатели

Кога стануваме наутро, веројатно не ни е приоритет пешачењето. Но, кога станува збор за здравјето, утринската прошетка сепак би можела да стане наша рутина. Еве за што се работи.

Loading...

Придобивките од утринската прошетка

Повеќе енергија

Истражувањата покажаа дека пешачењето 20 минути надвор, на свеж воздух ја буди енергијата и стануваме повитални. Дополнително, друго истражување покажа дека дури и 10 минути одење горе-долу по скали може да не разбуди подобро од шолја кафе.

 

 

Го подобрува расположението

Loading...

Пешачењето има и психолошки придобивки, а некои од нив се: елиминирање на заморот, подобрување на расположението, зголемување на самодовербата, намалување на напнатоста и анксиозноста, како и намалување на ризикот од депресија.

Губење вишок килограми

Утринските прошетки влијаат на подобрување на метаболизмот, а со тоа и на губење на вишокот килограми.

 

 

Посилни мускули

Одењето ги зајакнува мускулите исто како и чучњевите.

Loading...

Подобро спиење

Истражувањата покажаа дека луѓето кои пешачеле наутро немале проблеми со несоница и лош сон.

Поздрав избор во текот на денот

Кога одиме наутро, чувствуваме повеќе енергија, што значи дека ќе правиме поздрав избор во текот на денот. Во превод, нема да имаме „напади на глад“, па нема да посегнуваме по слатки, грицки и нездрава храна.