Придобивките од брадата

Сподели со своите пријатели

Некои ги носат поради имиџ, а некои од сосема практични причини. Но, една работа е доста важна- голем дел истражувања покажале дека мажите со брада делуваат посекси од останатите.

Деловите со брада се една третина помалку изложени на штетните сончеви зраци.

Мажите кои страдаат од астма предизвикана од полен и прашина може да имаат корист од брковите, бидејќи тие ги намалуваат симптомите.Влакната на лицето со текот на времето може да и помогнат на кожата таа да остане млада и во добра состојба. Брадата ја штити кожата од сушење и ветер.

Влакната под брадата и на вратот ќе ја подигнат температурата на вратот и ќе помогнат против настинки. Влакната се изолатори кои греат. Кога имате болки во грлото, телото ја подига температурата за да го убие вирусот.

Кога нема бричење, нема ниту осипи на кожата. Бричењето е најчесто главната причина за бактериски инфекции во долниот дел на лицето.