При претрес кај кумановец пронајдени повеќе видови дрога (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгодишен кумановец бил приведен викендов откако полицијата во домот му пронашла различни видови наркотици.

– Вчера (14.03.2026) полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Ш.(26) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени марихуана, кокаин, амфетамин, таблети екстази, дигитална вага и банкноти.

– Лицето било приведено во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЖРК Куманово се пласираше во четвртфиналето од Купот на Македонија