Преземени се сите постапки во третирањето на починатата кумановка, тврди Филипче

Сподели со своите пријатели

Медицинскиот персонал од кумановската болница ги презел сите потребни постапки во тестирањето и лекување на 57-годишната кумановка, која вчера почина од коронавирус, тврди министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

Тој вели дека нема правило кога се јавува влошување на состојбата, особено кога станува збор за сериозна клиничка форма каква што имала кумановката, а тоа е атипична пневномија.

– Интензивно разговараме со колегите од болницата во Куманово, сметам дека се е преземено сите постапки, за жал самиот процес на реанимација, односно срцево-белодробно оживување не дало резултат, изјави министерот.

Нејзиниот 33-годишен син кај кого е потврдено присуството на вирусот, бил третиран согласно сите протоколи, бил ставен во изолирана соба и медицинскиот персонал имал заштитна опрема.

Во однос на тоа зошто првичните два тестови на кумановката биле негативни, а дури по нејзината смрт било регистрирано присуство на вирусот, министерот Филипче, вели дека ниту еден тест не е сто отсто сензитивен и тоа е веројатно причината.

– Тестовите се направени два пати од материјалот кој е земен и двата пати при првиот брис се негативни, во таа смисла и вчера комунициравме со некои медиуми кои објавија документ се вика мртовечка придржуница кој ја издаваат јавни здравствени установи и се наведени повеќе делови, тука се одговара на прашање на основна и директна причина на смртта и со оглед дека настанало затајување на срцето и белите дробови затоа, тоа е нешто вообичаено ако на крајот станува збор за застој на срцето, и реанимацијата е неуспешна, вели Филипче.

Во однос на информациите во дел од медиумите дека пациентката била лекувана телефонски, министерот вели дека нема информација за такво сценарио, туку вчера дал детали за текот на лекувањето.

Кумановката и денешниот втор смртен случај, како што соопшти министерот не се исклучоци, нагло влошување на состојбата се случувало и кај пациенти во други држави.

Loading...

Во однос на погребот, вели дека нема протокол, туку само целосно ќе се затвори починатиот.

Денеска и утре екипи инфектолози стапуваат во контакт на лицата кои биле во директна комуникација со починатата.

Мерките кои се донесени се за целата држава, вели министерот, дополнителни мерки за Куманово нема да има како критично подрачје, бидејќи критични региони се сите делови од светот, а не само Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply