Претстојниот викенд почнува јуниорската лига во пинг-понг

Сподели со своите пријатели

Со учество на 15 екипи во конкуренција на јуниори и шест екипи во конкуренција на јуниорки, со повеќе од 70 играчи, в сабота (24 октомври) стартува јуниорската лига во пинг-понг.

Loading...

Македонската пингпонгарска федерација, натпреварите на екипите ги подели на два региони кои ќе се натпреваруваат во различни временски термини со цел да се запазат сите препораки за борба против пандемијата од корона вирусот.

Натпреварите според препораките ќе се играат без публика.

Ова натпреварување во ваков формат за прв пат се организира во нашата држава. Во првиот круг на 24 октомври ќе се одиграат квалификациските натпревари, додека на 1 ноември се финалните натпревари.

Јуниорската лига ќе се одржи и во пролетната полусезона од тековната натпреварувачка сезона.

Зоран Стерјовски

Leave a Reply