Претставничкиот дом на САД поддржа објавување доверливи информации за потеклото на Ковид

Сподели со своите пријатели

Претставничкиот дом на САД денеска едногласно гласаше за декласификација на информациите од американските разузнавачки служби за потеклото на Ковид-19, во време кога се наближува третата годишнина од почетокот на пандемијата предизвикана од коронавирусот, пренесува АП.

Loading...

Одлуката беше изгласана со 419 спрема 0, што е конечно одобрување на законот пред потписот на американскиот претседател Џозеф Бајден.

„Американската јавност заслужува одговори за секој аспект на пандемијата „Ковид-19“, рече републиканскиот конгресмен и претседател на Комитетот за разузнавање од Охајо, Мајк Тарнер.

Тука, како што наведе, се вклучени прашањата „како настанал вирусот, односно дали е природна појава или е резултат на настан поврзан со лабораторијата“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американците ставија вето за прием на Палестина во ООН

Наредбата за декласификација се фокусираше на разузнавачките податоци поврзани со кинескиот институт за вирологија во Вухан, наведувајќи ги „потенцијалните врски“ помеѓу истражувањето спроведено таму и избувнувањето на пандемијата „Ковид-19“, што Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи на 11 март 2020 година, пренесува АП.

Американските разузнавачки агенции се поделени околу тоа дали ковидот „протече“ од лабораторија или дали животните се веројатниот извор на вирусот.

Експертите проценуваат дека вистинското потекло на пандемијата на коронавирус, која однесе повеќе од милион животи во Америка, можеби нема да се знае многу години, а можеби и никогаш.

Републиканците во Претставничкиот дом, кои ги водат напорите за утврдување на потеклото на вирусот, формираа и специјален комитет за да го разгледа ова прашање.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  За судењето на Трамп беа избрани 12 членови на поротата

Едногласната поддршка за објавување доверливи информации е редок момент на двопартиски договор, среде често жестоката реторика за потеклото на коронавирусот и прашањата за одговорот на американските официјални лица, вклучително и водечкиот американски епидемиолог д-р Ентони Фаучи, според АП.

Предлог-законот, чиј автор е републиканскиот сенатор Џош Хејли, претходно беше усвоен во Сенатот.

Доколку Бајден го потпише, разузнавачките агенции ќе имаат 90 дена да ја декласифицираат „секоја информација за потенцијалните врски помеѓу Институтот за вирологија во Вухан и потеклото на коронавирусот“.

Ова вклучува информации за истражувањето и другите активности во лабораторијата, како и дали некој од истражувачите се разболел.