Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои нацрт-закон за доделување воена помош од 300 милиони долари за Украина.
Предлог-законот беше поддржан од 311 конгресмени, а 117 гласаа против.
Средствата претходно беа вклучени во нацрт-буџетот на Пентагон, но заради поедноставено одобрување, тие беа издвоени како посебен документ.
Од вкупниот број, 280 милиони долари се наменети за воена помош во рамките на Иницијативата за помош на Киев – набавка од одбранбената индустрија или партнери на Соединетите Американски Држави.
Предвидено е уште 20 милиони долари да се насочат за контрола на користењето на одобрените средства.
Претставничкиот дом, исто така, посебно гласаше за буџетот на Министерството за одбрана кој ја исклучуваше помошта за Украина.
Предлогот за финансирање на Пентагон беше поддржан од 218 конгресмени, додека 210 беа против.
Од документот објавен на веб-страницата на поткомитетот за воени ресурси, произлегува дека приоритет во буџетот имаат мерките насочени кон конфронтација со Кина, а првата точка се однесува на „историски значајните инвестиции“ во областа на безбедноста на Тајван.
Во исто време, фактот што Претставничкиот дом го одобри нацртот на овој закон нема да му помогне на Конгресот да избегне уште едно затворање на владата. Ставовите на партиите се уште премногу се разликуваат.
Претходно, координаторот за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност во Белата куќа, Џон Кирби, рече дека САД имаат средства за воени испораки на Украина уште неколку недели, понатамошната помош може да биде доведена во прашање без одлука на Конгресот за дополнителни распределби, пренесува Спутник.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.