Претставничкиот дом изгласа зголемени исплати за Американците и со двотретинско мнозинство го поддржа законот за воен буџет на САД

Сподели со своите пријатели

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес синоќа гласаше за зголемени директни исплати за Американците во висина од 2.000 долари, мерка претходо побарана и претседателот Доналд Трамп, и го изгласа, и тоа со двотретинско мнозинство, воениот буџет на САД, со што го анулираше ветото на претседателот на овој нацрт закон. 

Loading...

Околу мерката за зголемени исплати гласаа 275 законодавци, сите демократи плус 44 републиканци, 134 беа против. 

Мерката сега оди на разгледување во Сенатот, со што републиканците таму ќе треба да се изјаснат дали се за зголемени исплати, иако тие претходно одбија да прифатат поради загриженост за дефицит на буџетот.  

-Претседателот на Соединетите Држави го побара ова како дел од неговото одобрување на законот во неделата. Се надевам дека истото гледиште го споделуваат сите републиканци, изјави Ненси Пелоси, спикер на Претставничкиот дом. 

Кога го потпиша законот за помош поради корона кризата во неделата, Трамп истакна дека Сенатот ќе започне процес за гласање на закон што ќе ги зголеми директните исплати и вети дека „пристигаат уште пари“.  

Веднаш по ова гласање, законодавците синоќа гласаа и да се преодолее ветото на претседателот на нацрт законот за буџет за одбрана за фискална 2021 година во висина од 740 милијарди долари.  

Ветот беше анулирано бидејќи „за“ гласаа две третини од конгресмените (322 „за“, 74 „против“). Ова е прв пат во претседателствувањето на Трамп негово вето да биде анулирано, и ја покажува популарноста на законот за буџет за одбрана, што предвидува покачување на платите на воениот персонал. Законот исто така е дизајниран да го успори или запре повлекувањето на американските трупи од Авганистан. 

Гласањето за ова сега се префла во Сенатот, кој најверојатно ќе гласа во четврток и се очекува, исто како и долниот дом, да го гласа со двотретинско мнозинство.  

Loading...

Законот за воениот буџет Трамп на некој начин сакаше да го искористи како адут за решавање на свои политики – неговото днесување се влечеше цел месец, несвојствено долго за воен буџет на САД.  

Така на пример, тој негодуваше за доделените ингеренции на армијата да преименува бази именувани во чест на личности од Конфедерацијата. Побара и законот да вклучи укинување на законска заштита за интернет компаниите, како социјалните мрежи, бидејќи тој самиот е вовлечен во расправии со нив. Тоа би била значајна промена во регулативата за која републиканците и демократите не беа спремни, со напомена дека е ирелевантно за закон кој диктира воена политика. 

Борис Камчев, САД


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *