Претставена новата банкнота од 50 евра (фото)

Сподели со своите пријатели

Од почетокот на следната година пристигнуваат и новите банкноти од 50 евра, а Европската централна банка го претстави новиот изглед на најчесто фалсификуваната банкнота, што е и причина за промена на изгледот на истата.

Банкнотата од 50 евра сочинува 45 отсто од сите евра во оптег, а дури е поприсутна на пазарот и од банкнотите од 5, 10 и 20 евра.

Ова е четврта по ред банкнота која ќе биде издадена во новата серија. Претходно Европската централна банка тоа го направи со банкнотите од 5, 10 и 20 евра.

Кога ќе погледнете низ банкнотата кон извор на светлина, на проѕирниот прозор во горниот дел холограмот го покажува портретот на Европа, лик од грчката митологија, видлив на двете страни на банкнотата.

Портретот е видлив и во водениот знак. На лицето на банкнотата се наоѓа „смарагдна бројка“ – сјајна бројка, која, како што се врти банкнотата, таа ја менува бојата од смарагднозелена во темно сина, и на која се гледа светло син ефект, односно светлост која се  поместува горе-долу. Благодарение на тие одбележја автентичноста на новата банкнота од 50 евра може лесно да се провери.