Претставен првиот соларен автомобил кој може да го реши проблемот со полнење на батериите и опсегот

Сподели со своите пријатели

Lightyear со години развива соларен автомобил, односно електрично возило на кое има соларни панели преку кои може да се полни батеријата. По шест години развој на прототипот Lightyear One, минатата недела го претставија неговиот финален дизајн, но и новото име – Lightyear 0.

Loading...

Производството треба да започне оваа есен, а првите испораки се очекуваат во ноември. Планирано е да се произведат 946 парчиња од овој автомобил, а сите кои се заинтересирани за овој автомобил добро ќе размислат да го купат, бидејќи за истата сума можат да добијат скап спортски автомобил. Имено, почетната цена на моделот Lightyear 0 изнесува дури 250 илјади евра.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД

Карактеристиките објавени на веб-страницата на овој холандски стартап се доста интересни бидејќи досегот со едно полнење на батеријата од 60 kWh е 625 километри со максимална брзина од 160 км/ч, додека од 0 до 100 км/ч потребни се десет секунди.

 

 

Она што го прави автомобилот посебен, според тоа, се соларните панели, а еден ден такво полнење би требало да биде доволно за досег до 70 километри. Според Lightyear, благодарение на соларното полнење, автомобилот може да помине повеќе од 1.000 km помеѓу две полнења на батериите. Секако, такво нешто е можно во посебни услови, а податоците се однесуваат на летно возење во Амстердам од 50 километри дневно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД

За една година, благодарение на соларните панели, досегот може да се зголеми за дури 11 илјади километри.

Loading...

Ко-основачот и извршен директор на Lex Hoefslooth, за време на презентацијата на автомобилот, рече дека на сите им е јасно дека побарувачката за електрични автомобили ќе се зголемува со текот на годините, но зголемувањето на продажбата нема да биде придружено со инфраструктура и доволен број на станици за полнење. Наместо батерии со поголем капацитет чие производство, вели Hoefslooth, го зголемува јаглеродот, решението што го нуди Lightyear се батерии со поголем опсег, но со помал капацитет со помали емисии на стакленички гасови.

Проблемот со таквиот пристап е, очигледно, цената. Но, Electrek вели дека компанијата работи на развој на нов, достапен модел со цена од околу 30.000 евра. Ваков модел на пазарот можеме да очекуваме кон крајот на 2024 или почетокот на 2025 година, но во моментов нема многу информации за него, освен дека се развива под името Lightyear 2.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД