Претставен најбрзиот автомобил во светот – ќе „лета“ со 1,600 километри на час (видео)

Сподели со своите пријатели

Најбрзиот автомобил на светот „BloodHound SSC“, конструиран во Велика Британија кој достигнува брзина од 1,609 километри на час или до 1,000 милји, претставен е на Саемот на автоделови во Љубљана, во организација на „ГМТ групацијата“.

Loading...

Овој суперсоничен автомобил од 135,000 коњски сили троши 1,500 литри гориво во секунда и достигнува брзина од 1,600 километри на час за 55 секунди е конструиран од инжинери кои работат на вселенски летала, а дизајниран од експертите на Формула 1.

„BloodHound SSC“ следната, 2016 година ќе биде тестиран во пустината на Јужноафриканската Република и Намибија, на расчистена стаза Хаскин Пан, долга 19 километри, недалеку од истоименото исушено езеро.

Со автомобилот, кој е долг 13,5 метри и има главен и помошен мотор, за да достигне огромна брзина ќе управува пилотот на РАФ, Енди Грин.

Грин ќе се обиде да го сруши рекордот од 1,287 километри на час од 1997 година, од истиот конструктор каок и BloodHound SSC.

Само за споердба, кога Јусиан Болт го постави светскиот рекорд на 100 метри (9,58) достигна брзина од 45 километри на час, Феликс Баумгартнер со скокор од вселената го проби звучниот ѕид и паѓаше со 1,341 километар на час, а доколку Грин ја достигне оваа брзина и официјално ќе стане побрз и од куршум испукан од Магнум 357.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.