Претставата „Жена од минатото“, во недела ќе се игра во кумановскиот театар

Сподели со своите пријатели

„Жена од минатото“ од авторот Роланд Шимелфениг, а во режија на Нела Витошевиќ, е претстава која е на репертоарот на Театар Куманово во недела со почеток од 20 часот.
Темите за осаменоста, отуѓеноста, рушењето на интегритот на поединецот, влијание на случувањата од минатото врз иднината, непостоењето на етички норми и принципи, неснаодливоста во ова време се доминантни во драмата „Жена од минатото“.
  
Добитникот на голем број награди за драма, Роланд Шимелфениг е еден од највозбудливите гласови на модерниот театар. За него слободно може да се каже дека е моментално најиграниот и најпоставуваниот современ автор во Европа. Неговите драми се играат во повеќе од 40 земји, секогаш проследени со огромен успех поради оргиналниот и иновативен стил на пишување на авторот.
 
За неговите успеси зборуваат и многубројните награди за најдобар драмски текст: Else Lasker-Schüler Prize за текстот „Риба до риба“, Schiller Memorial Prize, Radio Play of the Year за текстот „За подобар свет“, Else Lasker-Schüler Dramatikerpreis, Mülheim Dramatists Prize за текстот „Златниот змеј“ и Nestroy Theatre Award за текстот „Push up 1-3“).
Актерската постава на претставата ја сочинуваат: Александра Пешевска, Игор Ангелов, Јасмина Василева, Марко Трајковиќ и Нина Максимова.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.