Претставата „Нешто пропуштаме“ го отвори фестивалот „Денови на комедија 2015“ (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вчеравечер беше домаќин на отворањето на 18-то издание на фестивалот „Денови на комедија“. На манифестацијата која ќе трае до 18-ти октомври ќе имаме можност да видиме 11 комедии од домашни и 4 комедии од театрите во регионот.

Loading...

Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска со свечен говор го отвори фестивалот, на кој присуствуваше и пратеникот од собранието, Зоран Ѓорѓиевски, како и многу гости и граѓани љубители на добрата комедија.

Канческа Милевска вели дека овој фестивал е вистински празник за љубителите на комедијата, а пред се за граѓаните на Куманово.

Голема чест и задоволство ми е што присуствувам на 18то издание на деновите на комедијата во Куманово, меѓународен фестивал кој полека но сигурно изгради сериозна репутација во нашиот регион и пошироко – рече во своето обраќање министерката за култура.

 

Чест со својот настап да го отворат фестивалот имаше женскиот младински хор при „Македонскиот културен центар“ од Скопје, под диригентската палка на маестро Сашо Татарчевски.

Манифестацијата „Денови на комедијата 2015“ ја отворија актерите од Театар „Комедија“ од Скопје со претставата „Нешто пропуштаме“ во режија на Бојан Трифуновски.

Loading...

Претставата кумановци ги насмеја до солзи со својата комична содржина, а салата во Џентарот за култура „Трајко Прокопиев“ беше исполнета до последното место, додека надвор се бараше карта повеќе.

Дел од актерската екипа беше и кумановецот Сашко Коцев заедно со Нина Деан, Валентин Костадиновски, Жаклина Петровска и Емин Џијан.

Актерската екипа е презадоволна од реакциите на публиката, а велат и дека најубавите претстави ги имале токму во Куманово, бидејќи често имале можност да гостуваат тука.

 

Loading...

Следната претстава со почеток од 20 часот веќе вечерва е на репертоарот на фестивалот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.