Претставата „Недоразбирање“ вечерва премиерно во кумановскиот театар (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во кумановскиот театар вечерва премиерно ќе биде изведена претставата „Недоразбирање“ од Албер Ками, а во режија на Драгана Таневска.

Loading...

Семејната драма зборува за индивидувалните желби на поединци, кои можат да влијаат врз хармонијата во семејството. Дејството се случува во мал хотел, „на крајот на светот“, каде две жени живеат прилично скромен живот. Заедничка им е загубената човечност поради загубената љубов. Се поставува прашањето можно ли е борбата за преостанатите соништа и идеали да  ги избрише сите морални граници и ограничувања. „Недоразбирање“ е прва претставата на режисерката Таневска, која нагласува дека е задоволна од процесот на подготовка на претставата.

– Ова е претстава која му се обраќа на модерниот човек кој во трка да ги исполни своите желби заборава на суштината. Ние се занимаваме со тоа што значи да се биде човек денес и колку можат желбите да го изменат моралот и да ги поместат границите- посочи Драгана Таневска, режисерка.

Во претставата играат Александра Михајловска, Кети Дончевска Илиќ, Никола Наковски, Сања Русеска, Марко Трајковиќ. Драматургијата во претставата е на Сашо Костовски, сценографијата на Сергеј Светозарев а костимографијата на Ванчо Василев.

-Јас ја играм Марта во претставата, мене ми беше супер соработката со целата екипа и со Драгана и се надевам дека ќе ја оправдам довербата која ми ја даде Драгана затоа што играм голем и носечки лик во претставата. Сметам дека тоа е многу важно за младите актери и се надевам дека нашиот театар во идинина ќе го базира репертоарот на младите актери во ансамблот и дека секој од нашиот ансамбл млад актер ќе добие простор да носи носечки ликови, затоа што сметам дека само на тој начин можеме да создадеме вистински ансамбл кој во еден момент може силно да се претстави на големите сцени-посочи актерката Александра Михајловска.

– Јас исто така сум дел од екипата на претставата Недоразбирање го толкувам ликот на Јан, а тоа е блудниот син, кој се враќа по многу години во својот дом и не би сакал да откривам ништо посебно за приказната, но сакам да кажам дека е доста интересна претстава со интересен и невообичаен ритам и исто така е доста тешка претстава и за играње и за гледање а верувам дека тоа не значи дека не е добра, туку напротив носи една жива тематика, отвора теми-истакна актерот Никола Наковски.

Loading...

Актерката Кети Дончевска Илиќ нагласи дека е среќна што во ова дело работи со свои сограѓани, па затоа енергијата и желбата да се прикажат што подобро пред граѓаните е уште поголема.

– Што се однесува до претставата Албер Ками е автор претпоставувам на поголемиот дел од публиката добропознат особено на  средношколците затоа што мислам дека го обработуваат како дел од македонски јазик и литература како предмет. Тој е период на егзистенцијализам, би рекла дека тој во принцип не толку лесно комуницира со публиката, но ние со нашата претстава ги направивме сите напори нашиот театарски производ да може да комуницира со денешната публика и покрај тоа што правецот сам по себе подразбира една комплексност која не секој на драго срце сака да ја прифаќа. Токму затоа заради возбудата која што ние ја имавме во екипата и што воопшто се занимаваме со една ваква тематика, заради возбудата на кумановци кои се вклучени во целиот процес, како актери и соработници ја поканувам публиката утре да ни се придружи – нагласи таа.

Репризните изданија на претставата „Недоразбирање“ се закажани веднаш по премиерата, односно во четврток и петок.

Leave a Reply