Претставата ”Идиоти” на репертоар во Театар Куманово

Сподели со своите пријатели

Театар Куманово за вечер и утревечер /19 и 20 октомври/ ја најави повторната изведба на претставата „ИДИОТИ“ , премиерно изведена на Меѓународниот театарски фестивал ”Денови на комедија 2015” што во Куманово се одржа по петнаесетти пат во НУ Центар за култура ”Трајко Прокопиев”.

Loading...

Претставата ”Идиоти” е работена според едночинките на Муза Павлова, а режијата е на Мирослав Петковиќ.

Асистент на режија е Бојана Краљевска, сценографијата е на Бојан Маневски, музиката на Боби Серафимовски, а настапуваат Александра Михајловска, Мартин Лазаревски, Владо Дојчиноски и Марко Трајковиќ.

Почеток 20 часот, во Театар Куманово.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.