Претставата ”Баунсерс” освои прва награда на фестивал во Подујево

Сподели со своите пријатели

На овогодинешното издание на театарскиот Фестивал ”Поинаков театар” што од 25 до 30 јули се одржа во косовскиот град Подујево, албанската драма при Театар Куманово ја зема главната награда.

Loading...

Претставата ”Баунсерс” во режија на Ќазмедин Нуредини, беше премиерно поставена на репертоарот во кумановскиот Театар во јули ова година, и според режисерот, веќе има закажано неколку настапи надвор од Македонија.

Наградата ”Поинаков театар” беше доделена во конкуренција на шест претстави, и за актерите, ова е само поттик, албанската драма при Театар Куманово да продолжи со својата континуирана работа и да освојува врвни награди како што тоа беше случајот минатата година, кога албанската драма освои многу вредни театарски награди.

Комедијата ”Баунсерс” ја опишува атмосферата во ноќен клуб во Англија, каде работат четворица чувари на редот. Во клубот се испреплетуваат случки и комични сцени кога во клубот ќе се појават женски лица.

Во кабаре претставата настапуваат Сефедин Шабани како главна улога, како и актерите Ќазмедин Нуредини, Енвер Халими и Шкељќим Ислами.