Претседателот на Казахстан планира предвремени избори оваа есен

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Казахстан Касим-Жомарт Токаев денеска соопшти дека има намера да одржи предвремени претседателски избори оваа есен.

Loading...

– Предлагам оваа есен да се одржат вонредни претседателски избори – рече Токаев во обраќањето до народот на заедничката средба на домовите на Парламентот.

Тој предложи и предвремени избори во Долниот дом на парламентот во првата половина на следната година.

Освен тоа, казахстанскиот лидер предложи да се ограничи претседателскиот мандат на седум години, без право на втор мандат.

– Препорачувам да се ограничи претседателскиот мандат на седум години, но да се забрани реизбор – посочи тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Токаев во моментов е избран за петгодишен мандат. Според сегашниот закон, исто лице не може да биде претседател повеќе од два пати по ред.