Претседателот на Финска седи на скали и патува со нискобуџетни компании

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Финска Нинисто Саули кон почетокот на месецов бил на саемот на книги во финскиот град Турку за да го слушне говорот на својата сопруга јени Хауко.

Меѓутоа, како што јавуваат медиумите, немало слободни столчиња, па претседателот седнал на скалите.

Корисниците на социјалните мрежи биле воодушевени од неговиот гест, па коментираат дека тоа е можно само во Финска.

Финска ги укинува сите училишни предмети

Loading...

Претседателот на Твитер напишал дека му било удобно на скалите затоа што имал можност во секој момент да стане и да си оди, но тоа не го направил со што порачал дека говорот на неговата сопруга бил интересен.

Медиумите претходно пишуваа дека претседателот на Финска во април годинава бил во службена посета на Хрватска, а дека дома се вратил во нискобуџетна авио компанија и седел во економската класа.

Спо0ред пишувањето на финските медиуми Нинисто патува со бизнис класа, но од Сплит до Хелсинки немало таква можност па патувал како сиот „нормален“ свет.

Leave a Reply