Претседателот на Европскиот олимписки одбор си препродавал билети на црниот пазар

Сподели со своите пријатели

Високо поизициониран службеник од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) привреме отстапи од својата должност, откако бил приведен поради наводна вмешаност во нелегална продажба на олимписките билети на Олимписките игри во Рио де Женеиро.

Патри Хикеј го замени Вилијам О Браен на местото претседател на Олимпискиот комитет на Ирска, објави комитетот ввчера, по приведувањето на Хикеј.

Бразилската полиција препорачала тој и уште три службеници препродавачи на билетите од Даблин, да бидат оптужени за нелегална продажба на билетите, криминално здружување и измама во трговијата.

Обвинителството проценува дека заработката на црниот пазар изнесувала три милиони американски долари. покрај тоа што е претседател на Олимпискиот комитет, Хикеј бил и член на Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет од 2012 година.

Бразилските медиуми велат дека тој се обидел да избега во моментот кога полицијата дошла да го приведе во хотелот. Додава дека по приведувањето побарал лекарска помош затоа што не му било добро.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.