Претрес во Куманово, пронајдено оружје и муниција

Сподели со своите пријатели

Триесет и шестгодишен кумановец денеска бил приведен, откако полицијата му пронашла пиштол, гасен пиштол и муниција.

Loading...

– Денеска (11.10.2023) во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Е.Х.(36) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 7.62 мм со 13 куршуми, еден сигнален пиштол со седум куршуми и една кутија со 34 куршуми различен калибар, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, Е.Х. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски