Претрес во Куманово, приведен дилер, пронајдена дрога

Сподели со своите пријатели

Четириесет и шестгодишен кумановец бил приведен вчера откако во домот полиција му пронашла прашкаста и грутчеста материја.

Loading...

– На 07.03.2024 во 21.00 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(46) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат оттаму, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени прашкаста и грутчеста материја и дигитална вага.

– С.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Се враќаат ли високите температури?

Никола Ивановски