Претпладне променливо облачно време, а попладне дожд

Сподели со своите пријатели

Според информациите на УХМР, денеска претпладне ќе имаме променливо облачно време со услови за слаб дожд на северозападниот дел од државата. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремен слаб до умерен дожд, кој поинтензивен ќе биде во источните делови и на југозапад.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а кон крајот на денот на север и на исток ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се движи од 9 до 17 степени целзиусови, додека максималните дневни вредности ќе достигнуваат од 17 до 23 степени целзиусови.

Во околината на Куманово денеска според информациите на порталот за временска прогнзоа accuweather, не очекува претежно облачно време, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува североисточен ветер кој на моменти може да достигне брзина од 20 километри на час. Температурата од утринските шест степени, во текот на денот ќе достигне минимална вредност од 19 степени целзиусови.

Од денес нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна воздушна маса, што ќе придонесе за појава на врнежи од дожд со променлив интензитет и пад на температурите кој може да го очекуваме од утре.

Повремен дожд ќе има во среда попладне и преку ноќта, а во четврток врнежите ќе се поинтензивни, особено во западните и јужните делови од земјата, каде што повремено може да имаат и пороен карактер, додаваат од Управата за хидрометеоролошки работи.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.