Претежно сончево со температури до 25 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец, а максималната дневна температура се очекува да достигне 24 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со слаб до умерен претежно јужен ветер, а повремено засилен долж Повардарието.

Температурите најпрвин ќе бидат нешто пониски, потоа благо ќе се покачат кон следниот викенд.

Во средината на работната седмица ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи.

 

 

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply