Претежно сончево, но свежо време

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта ниската облачност се намалуваше и утринава е претежно ведро со ниска облачност во централнииот дел и на северозападот.

Loading...

Денеска според синоптичарите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9 степени.

Во Куманово и околината ќе имаме сончево и студено време со максимална температура од три степени над нулата.

Во текот на ноќта минималната ќе се спушти на -6 степени.

Leave a Reply