Претепан келнер во Куманово, од гневни гости кои ги предупредил за протоколите

Сподели со своите пријатели

Келнер во Куманово вчера ги предупредил гостите во игротека во Куманово за почитување на протоколите за работа, но организаторот на роденденската забава и гневните гости го натепале.

Loading...

– На 12.01.2021 во 16.30 часот во СВР Куманово, Б.З.(26) од Куманово пријавил дека на 10.01.2021 во игротека во населбата „Гоце Делчев“, каде што работи како келнер, додека се оддржувала роденденска забава бил физички нападнат од М.Н. – организатор на роденденот и уште две лица гости на прославата, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Според пријавителот, причина за нападот е затоа што ги предупредил поради непочитување на протоколите за работа на угостителските објекти.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

Leave a Reply