Престрелка во Лојане, еден повреден

Сподели со своите пријатели

Едно лице се здобило со повреди, откако од возило мештанин на Лојане пукал во свој соселанец.

Loading...

– На 18.06.2021 во 19.30 часот во с.Лојане, кумановско, В.Ч.(25) од село Лојане, додека управувал патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски таблички, со пиштол испукал кон З.И.(67), од истото село, кој се здобил со телесна повреда , констатирана во Општата болница Куманово, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Увид извршила увидна екипа на СВР Куманово и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Никола Ивановски

Leave a Reply